Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.
Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка
На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.
The post ОДДРЖАНА КОНСТИТУВНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА НА ОПШТИНА ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.