Со „бмв“ удрил во паркирано возило, а потоа во малолетен пешак: возачот со тешки повреди пренесен во болница


brza-pomos-klinicki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај село Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.ело рквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од село Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK