(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526


unnamed-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства, преку која ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.


Линијата ќе биде управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, а ќе функционира непрекинато.

„Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај “, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција.

Таа рече дека ова е резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работела во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови.

„Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни“, рече Митева додавајќи дека затоа почнуваат со нова активност, во насока на ветената континуирана поддршка на повредените и семејствата.

Портпаролката Митева вели дека како Влада не исклучуваат следни чекори како отворена канцеларија, или пак подобрување на условите во кочанската болница за повредените да не мора за сите интервенции да доаѓаат во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK