Измамена скопјанка: и кажале дека ќерка и предизвикала сообраќајка и прегазила дете па и барале пари


evra-340677.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.


Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK