За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно


taravari-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен ред, предлогот во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе се најде на првата наредна седница. Вака, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, одговори на прашањето кога ќе се избира новиот министер за здравство.


Претходно, првиот вицепремиер, Изет Меџити, соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за оваа функција, а по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

Од „Вреди“ деновиве, по новиот раскол во Алијансата за Албанците, уверуваат дека мнозинството е стабилно, а тоа денес го потврди и Гаши, одговарајќи на новинарско прашање. Рече дека во однос на таа тема, не постои дилема, па додека партијата на Таравари се сели во опозиција, неколку пратеници остануваат дел од „Влен“.

„Владата и парламенталното мнозинство ќе работат со целиот капацитет“, рече Гаши.

Алијанса на Албанците има пет пратеници во актуелниот парламентарен состав.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK