(Фото) Ангелов ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо


stojance-angelov-muhamed-alji-cuk-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата Директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Стојанче Ангелов, новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.


„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи“, кажа Ангелов.

За Заменик директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, моментално е на позицијата Помошник раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање.

Ангелов им го честиташе изборот и на двајцата и им посака добро здравје и успешна работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK