Илија Димовски: Градењето на народен самосвесен идентитет и градењето на политичките нации се два различни процеси


dimovski ilija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градењето на народен самосвесен идентитет и градењето на политичките нации се два различни процеси, особено во македонскиот и балканскиот историски контекст. Ние тоа за жал не го разбираме.
Народен самосвесен идентитет е културен и историски континуитет кој не зависи од европоцентричните политички концепти.

Народниот идентитет се гради преку јазикот, културата, традициите, фолклорот, колективната меморија и чувството за заедничко потекло. Овој процес започнува далеку пред појавата на модерните политички нации и не е директно зависен од политички структури.


Во македонскиот случај, идентитетските детерминанти како територијата, името, митовите, јазикот и традициите се јавуваат како константи низ историјата. Македонската посебност била изразувана и видлива дури и во услови на силни асимилациски и денационализаторски притисоци од соседните држави и империјални центри.

Политичка нација е модерен европоцентричен концепт.
Градењето на политичка нација е процес кој најчесто се поврзува со модерниот период (19 и 20 век), кога се создаваат централизирани држави со унифицирани институции, закони и граѓански права. Овој модел, развиен во Западна Европа, се базира на концептот на граѓанство и државна лојалност, а не само на етничка или културна припадност и различност. На Балканот, овој процес е доцнежен, фрагментиран и наметнат однадвор. Успеал во примерот на Грција и Бугарија, но не успеал во двојниот експеримент Југославија.
Македонскиот пример не може да се концептуализира, затоа што е очигледна појавата на народен идентитет пред фромирање на државата. Модерната политичка македонска нација не го заменува, ниту пак во целост го вклопува во себе македонаконскиот народен идентитет кој постои во и надвор од неа.

Македонскиот народен идентитет и засебност се развивал и се артикулирал долго пред создавањето на современата македонска држава. Преродбенскиот процес, традициите, митовите за Македонија, развојот на јазикот, литературата и историската свест започнале многу векови пред политичкиот концепт за создавање на нации. Отсуството на сопствени институции и државност го забавило, но не и спречило обликувањето на посебниот македонски идентитет.

Македонскиот народен идентитет не е создаден со деформирање на византискиот концепт за “вулгарос” (варвари), а спонзориран од империјалните интереси на Русија, како во бугарскиот пример, ниту низ концептот на обединување на три неповрзани културни наследства (првично на оние од античките елински полиси со наследството на источниот Рим – Византија, за на крај да се додаде и Македонија) како во грчкиот модел кој е создаван за да ја храни евроцентричноста во светската научна политичка мисла и да ја врати муслиманската Отоманска империја назад кон Азија.

Македонскиот народен идентитет е своедвижечки, без спонзори и поддршки и е тестиран низ повеќевековни напади од неговите соседи и нивните спонзори. Неговото постоење до денес е само по себе доказ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK