Трент Александар-Арнолд би можел да се врати во Премиер лигата веќе следното лето, а Челзи се споменува како еден од главните кандидати за неговиот потпис.
Англискиот репрезентативец наводно не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид, речиси и да не игра кај Жозе Мурињо.
Поранешниот играч на Ливерпул, кој го напушти Енфилд во 2025 година и се пресели во Мадрид, се соочува со зголемена конкуренција за позицијата десен бек. Неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ затоа стана предмет на бројни шпекулации, а неколку големи англиски клубови наводно го следат развојот на ситуацијата.
Според информациите објавени од „Фудбал Инсајдер“, Челзи е подготвен да ја разгледа можноста за ангажирање на Александар-Арнолд доколку тој стане достапен на пазарот.
Поранешниот главен скаут на Манчестер Јунајтед, Мик Браун, тврди дека „Стемфорд Бриџ“ е заинтересиран за англискиот репрезентативец, иако сè уште не е познато дали евентуален трансфер би можел да се реализира веќе за време на јануарскиот преоден рок или следното лето.
Секако, штом се појави можноста за напуштање на Мадрид, почнаа шпекулациите за враќање на „Енфилд“. Ливерпул сè уште не најде идеално решение на позицијата десен бек по неговото заминување, па на прв поглед, враќањето на англискиот репрезентативец би изгледало како логично решение.
Сепак, според истиот извор, на „Енфилд“ во моментов не размислуваат за неговото враќање.
Foto/ Depositphotos