Малолетник од Тетовско внесен во „бмв“ и тепан со метален предмет, кога успеал да избега му се заканиле со пиштол


policija-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 23 часот и по полноќ, во 01 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 56-годишниот Џ.Д. од село Гајре, тетовско и 52-годишниот Л.Д. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.


Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот.

Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д..

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK