Бакингемската палата објави порака од кралот со која му оддава почит на починатиот папа Франциско.
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила се сретнаа со папата на почетокот на овој месец за време на посетата на Италија, а палатата објави фотографија од средбата на социјалните мрежи во тоа време, заедно со порака на италијански јазик: „che casee speciale“ – „каква посебна прилика“.
View this post on Instagram
Во денешното соопштение, кралот го пофали папата Франциско, велејќи дека „допрел животи на толку многу луѓе“.
Од папата се прости и британскиот премиер Кир Стармер, кој го пофали папата Франциско за неговата храбра духовна улога.
„Папата Франциско беше папа за сиромашните, угнетените и заборавените. Тој беше блиску до реалноста на човечката кревкост, состанувајќи се со христијаните ширум светот погодени од војна, глад, прогон и сиромаштија. Сепак, тој никогаш не ја изгуби надежта за подобар свет”, рече Стармер.