Филипини и САД почнаа заеднички воени вежби: „Ова е борбен тест од целосен размер“


vojnici-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 14.000 филипински и американски војници денеска ја започнаа годишната воена вежба опишана како „целосен борбен тест“ меѓу двата одбранбени сојузници кои се соочуваат со регионални безбедносни грижи, вклучително и тензиите во Јужното Кинеско Море.


Годишните вежби „Баликатан“ (рамо до рамо) ќе траат три недели до 9 мај, прикажувајќи низа американско оружје кое вклучува противбродски ракетен систем NMESIS и ракетни фрлачи HIMARS.

Филипините ќе тестираат свои модерни ракети во вежби со жив оган со американските колеги, се вели во кусото соопштение споделено со медиумите.

Генерал-полковник Џејмс Глин, командант на вежбите од американска страна, ги опиша овогодинешните вежби како „борбени тестови од целосен обем“ каде што способностите на двете сили ќе се мерат во повеќе сценарија.

Вежбите вклучуваат одбрана од ракетни закани, спречување инвазија на море и потопување на деактивиран брод на филипинската морнарица при тестирање за поморски напад.

„Целта на целосните борбени тестови е да се земат предвид сите регионални безбедносни предизвици со кои се соочуваме денес, почнувајќи од Јужното Кинеско Море“, рече Глин на брифингот за медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK