Бројот на загинати во вчерашното уривање на покривот на ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република се искачи на 124 лица, соопштија денеска властите, додека потрагата по преживеани станува се побезнадежна.
Повеќе од 150 луѓе се спасени од урнатините, но властите не пронајдоа преживеани до вчера попладне по локално време. Хуан Мануел Мендез, шеф на оперативниот центар за итни случаи на Доминиканската Република, рече дека на спасувачите им требаат дополнителни 24 до 36 часа за да ја завршат својата потрага.
Nightclub ceiling collapses in the Dominican Republic, killing at least 15. pic.twitter.com/LxJKpIp5qy
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 8, 2025
Екипите за итни случаи распоредија тешка механизација за да ги забрзаат спасувачките напори. Несреќата се случила околу 45 минути по полноќ за време на концертот на популарната доминиканска пејачка Руби Перез, која е меѓу загинатите, според менаџерот и членовите на семејството. На настанот присуствуваа политичари, спортисти и други познати личности. Телото на Перез беше пронајдено утрово.
Во колапсот загинаа и поранешните играчи на МЛБ, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти.
Нелси Круз, гувернерот на северната провинција Монте Кристи, е меѓу жртвите, изјави претседателот Луис Абинадер. Круз беше сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен MLB All-Star. Во несреќата загина и синот на министерот за јавни работи и врски.