П О К А Н А
До сите Македонци и пријатели на Македонија, до сите почитувачи на делото на Јане Сандански и љубители на македонската култура
П О В Е Л Е Т Е
На традиционалниот семакедонски собор во чест на Јане Сандански што ќе се одржи на 27 април 2025 г., со почеток во 11:00ч., во Мелник, Пиринска Македонија, Р. Бугарија.
Програмата предвидува:
положување цвеќиња на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир од 10.00 часот (по бугарско време).
Соборот ќе започне во Мелник кај споменикот на војводата од 11.00 часот (по бугарско време).
Ќе бидат поставени венци и цвеќиња на споменикот
ќе биде прочитан говор во чест на Јане Сандански,
ќе има богата културна програма со македонски песни и ора.
Повелете Ве очекуваме!
Од името на организаторите:
ОМО „Илинден“-ПИРИН,
Македонско меѓународно движење за човекови права,
ОМО „Илинден“,
Антички Македонци,
Друштво на репресираните Македонци во Бугарија,
Македонски културен клуб Никола Вапцаров,
Друштво за заштита на основни човекови права,
Македонски дискусионен клуб за етничка толерантност,
Правозаштитен комитет Толерантност.