­

Британскиот премиер: Светот каков што го знаевме повеќе не постои


Screenshot-2025-04-06-161523.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вo одговор за американските царини, британскиот премиер Кир Стармер рече: „Светот каков што го знаевме повеќе не постои“. Тој најави дека ќе продолжи да се обидува да постигне економски договор со САД за да се избегнат некои од царините, но ја покрена и можноста британската влада директно да интервенира за заштита на националните интереси.


Во статија за Сандеј Телеграф, Стармер изјави дека ќе продолжи да се обидува да постигне трговски договор со САД и најави можна интервенција на државата на пазарот.

„На некои можеби не им е пријатно – идејата државата директно да влијае на пазарот често беше исмејувана. Но, не можеме да се држиме до старите верувања додека светот се менува толку брзо“, рече тој.

Велика Британија беше меѓу земјите погодени од новата основна царина од 10 отсто, со дополнителни царини од 25 отсто за извозот на автомобили, челик и алуминиум. Некои земји се соочуваат со уште повисоки царини кои од 9 април ќе достигнат и до 50 проценти.

Британскиот производител на автомобили Jaguar Land Rover вчера објави дека ги паузира сите испораки во САД додека не ги прилагоди своите операции на новите трговски услови.

Минатата година, Велика Британија извезе речиси 60 милијарди фунти стоки во САД, главно машини, автомобили и фармацевтски производи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK