Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди


pozar-magacin-tetovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште.


Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен.

Итната медицинска помош од Гостивар извести дека еден пожарникар паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарникарите од Гостивар излегле на терен 45 минути по полноќ.

Противпожарните возила интервенирале во текот на целата ноќ, а им се приклучиле и колегите од Тетово. Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што пожарната од Гостивар се’ уште се на терен.

Засега нема информации што го разгорело пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK