Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари


vlen-vredi-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари.


Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател на Алијансата за Албанците. Според него важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува.

Таравари се осврна и на уставните измени.

„Нормално дека ние како Влен инсистираме и ќе продолжиме да инсистираме, меѓутоа, секогаш мора да се убеди и ВМРО, бидејќи без ВМРО не можат да се случат уставните промени. Значи невозможно е, нема формула која што може да ги направи уставните промени без тоа да има согласност од ВМРО“, изјави Таравари.

Целиот разговор на линкот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK