Хамнеи: Искуството покажа дека преговарањето со Америка не е ниту мудро ниту чесно


677z381_677z381_ali-hamnei-iran-epa-efe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека „искуството“ покажало дека преговарањето со Соединетите Американски Држави „не е паметно, мудро или чесно“.


Хамнеи ја коментираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средата рече дека би сакал да постигне нуклеарен договор со Техеран, пренесе Ројтерс.

За време на неговиот прв мандат во 2018 година, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и повторно воведе санкции што ја погодија иранската економија.

По овие мерки, Техеран почна да ги крши ограничувањата поврзани со нуклеарната програма од договорот, според медиумот.

Сепак, висок ирански функционер за Ројтерс изјавил дека Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат разликите, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK