Недостигаат лекови за околу 40 до 60 пациенти на Онкологија


onkologija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За околу 40 до 60 пациенти во моментов недостигаат лекови на Онкологија.


Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски рече дека повеќето од пациентите што се третираат ја примаат потребаната терапија.

„Повеќето ја примаат терапијата и се третирани со хемотерапија, радиотерапија, билолошка терапија. Недостасуваат лекови за негде 40 до 60 пациенти во моментот. Верувам дека ќе ја обезбедиме во најбрз временски период“, изјави Стојковски.

Тој уверува дека се прават напори до утре, да стигнат дел од лековите потребни на Онкологија, а за другите заедно со директорот на Фондот за здравство, се работи на обезбедување на донација и брза постапка.

Прашан од новинарите зошто настана дефектурата, Стојковски рече дека тоа е поради зголемениот број на пациенти и поради кратка дефектура на еден лек за кој имало недостаток. Тогаш пациентите се префрлиле на друг лек, што во моментот е на дефектура.

Во врска со изјавата дека имало пациенти кои примале, а не трабало да примаат биолошка терапија, Стојковски негираше дека е такво нешто можно.

„Сите 12 членови на стручниот колегиум се во комисијата за пациенти кои се вклучуваат кон биолошка терапија. Сите пациенти што треба да ја примаат, се вклучени. Не одлучува еден доктор индивидуално“, рече директорот.

Уверува дека ќе ги направат сите напори за во иднина да нема недостаток на некои лекови.

Надлежните вчера истакнаа дека до крајот на неделата биолошката терапија што ја примаат околу 300 пациенти болни од карцином ќе биде доставена на Клиниката за онкологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK