Фудбалерите на Ливерпул ја зголемија бодовната разлика на табелата по победата над Лестер со 3:1 (1-1).
„Црвените“ стигнаа до 42. бод и сега имаат седум бодови повеќе од второпласираниот Челзи, кој ова коло беше поразен од Фулам на домашен терен.
Ова беше дуел на двајца холандски тренери, а Арне Слот беше поуспешен на клупата на Ливерпул од Руд Ван Нистелрој, кој неодамна го презеде Лестер.
Ливерпул ја постигна седмата победа во девет домашни натпревари со што се израмни со Брентфорд.
Следниот натпревар на „црвените“ е против Вест Хем во Лондон, а Лестер, кој падна во зоната за испаѓање по овој пораз, ќе го пречека Манчестер сити.
Победата на Ливерпул ја потврди Мохамед Салах во 83.минута. За Египќанецот ова е 100. премиерлигашки гол на домашен терен, од кои постигна 98 за Ливерпул и два за Челзи, а според овој параметар Салах е на врвот во шампионат.