Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Screenshot-2024-12-21-191338.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.


Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.

„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.

Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.

Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.

Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.

„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.

Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.

Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK