Џејми Ли Кертис позираше без шминка: „Го поддржувам трендот на Памела Андерсон“

85fcc525-ef97-49dc-9c97-9a2edfce98f9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејми Ли Кертис на Инстаграм објави фотографија на која позира без шминка.


„Селфито „штотуку излезено од туширање“. Навивам за трендот на Памела Андерсон. Само што забележав дека изгледа како да имам маскара, но едноставно не можев да ја тргнам како што треба“, 66-годишната актерката напиша во објавата.

Имено, Памела веќе некое време во јавноста се појавува без шминка и стана заштитно лице на движењето природен изглед. Таа претходно изјави за Elle дека престанала да се шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателкаАлексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.

Кертис долго време е поддржувач на Памела и претходно изразуваше восхит за нејзината храброст. Актерките работеа заедно на филмот The Last Showgirl, во кој главната улога ја има Памела.

Филмот е сместен во блескавиот свет на Лас Вегас и ја следи Шели, искусна и гламурозна танчерка која мора да планира за иднината кога нејзиното шоу ненадејно ќе се затвори по 30 години настапи. Кертис игра келнерка и посветен пријател на Шели.

Како што пренесува Variety, филмот доби многу позитивни критики во Торонто, а некои критичари сметаат дека Андерсон треба да биде кандидат за Оскар за најдобра актерка. Премиерата на филмот е закажана во Лос Анџелес на 13 декември. The Last Showgirl ќе започне да се прикажува во кината низ САД во јануари 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK