Започна изградбата на атлетска патека во спортскиот комплекс кај Касарната во Гевгелија

467546659_577063734711660_2202683653381850372_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гевгелија добива атлетска патека. Во присуство на министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претставници на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија и други граѓани, денеска, се означи почетокот на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија. Имено, патеката, чијашто должина ќе изнесува 320 метра, со 4 траки и вкупна ширина од 5 метра, ќе биде изградена во спортскиот комплекс кај Касарната, согласно високи стандарди за спортска инфраструктура.

За само неколку месеци од најавата и присуството на министерот Борко Ристовски во општина Гевгелија за пуштање во употреба на спортското игралиште во Давидово, овој проект веќе станува реалност за гевгеличани. Градоначалникот Сарамандов изрази голема благодарност до него што ја прифати иницијативата на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ и што Министерството за спорт на Република Македонија обезбеди средства за реализација на овој спортски капитален проект.


– Изградбата на новата атлетска патека има огромно значење за нашиот град, посебно за помладите генерации, од причина што Гевгелија за првпат ќе добие спортска инфраструктура што претставува основа за развој на секој еден друг спорт и што е од особено значење за помладите, но и за рекреативците- истакна Сарамандов.

Притоа, потенцираше дека, изминатиот период, Општина Гевгелија вложи доста во модернизирање на целата спортска инфраструктура, со коишто зафати значително се подобрени условите за спорт и рекреација на подрачјето на цела општина Гевгелија.

– Во градот и населените места, беа изградени и реконструирани 12 спортски игралишта со тартан и вештачка трева. Во тек е реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“ и истата ќе биде во ставена во функција во 2025 година- рече Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK