Руте: Сојузниците на НАТО сами да одлучат за употреба на оружје со долг дострел во Русија

677z381_677z381_677z381_12305998.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска повтори дека ставот на НАТО е дека најдобро е да не се поставуваат ограничувања на снабдувањето со вооружени системи за Украина и додаде дека на секоја поединечна земја-членка е да одлучи дали ќе дозволи користење на нејзиното оружје со долг дострел за напад на цели во Русија.


„Отсекогаш сум сметал дека е мудро да не зборуваме премногу за она што го правиме. Јасно е дека НАТО претходно кажа дека кога сојузниците снабдуваат системи за оружје на Украина, најдобро е да не се поставуваат ограничувања за нив. Ова е генерален став, но сојузниците поединечно треба да одлучат што да прават“, им рече Руте на новинарите по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, посветен на одбраната.

„Во моментов гледаме ескалација на војната, бидејќи Русија во неа ја вклучи и Северна Кореја. Минатиот викенд видовме што се случи со нападот на Украина, кој беше масовен. Но, не навлегувам во тоа дали поединечните сојузници треба да дадат или не, или што прават. На нив е да комуницираат ако сакаат. Генерално, би рекол да не комуницираме премногу и да не ги правиме противниците помудри отколку што е потребно“, изјави Руте, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека денеска се одбележуваат 1.000 години од војната во Украина и додаде дека за време на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ посветен на одбраната, ќе разговараат како да и се помогне на Украина да победи. „Тоа значи повеќе помош, повеќе пари и мораме да им гиставиме на располагање, особено сега кога Северна Кореја се вклучи и знаеме дека Кина и помага на Русија во воените напори. Знаеме и дека Иран ја поддржува Русија во воените напори. Како што знаеме, Путин мора да плати за ова“, рече Руте.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK