Македонски Телеком ги отвора вратите на својот прв продажен простор од овој вид, со целосно нов и освежен концепт за корисничко искуство, поставувајќи нови стандарди во односите со своите корисници. Со новиот малопродажен концепт применет во продавницата во Капитол мол во Скопје, Телеком воведува отворен и пријатен амбиент без физички бариери помеѓу продажните агенти и корисниците, создавајќи простор за непосредна комуникација и консултации.
Новината кај овој пристап е префрлањето на интеракцијата со корисниците од „стоење на шалтер“ на маса за консултации, што овозможува продажните агенти да ги опслужуваат корисниците со максимална посветеност и внимание, во пријатна и опуштена атмосфера и со повеќе време за нивна едукација за актуелните трендови. Со оваа нова поставеност, секоја посета се претвора во лично искуство со фокус на индивидуалните потреби на корисниците.
„Во оваа нова дигитална ера, како водечки телекомуникациски оператор во Македонија, нашата мисија е да обезбедиме комплетна услуга и едукација за дигиталните можности. Овој нов пристап овозможува корисниците да добијат повеќе знаење за функционалностите на нашите услуги, а со тоа и извонредни дигитални искуства.” – изјави Анастас Мишковски, одговорен за продажба и технички услуги во Македонски Телеком.
Новото продажно место го карактеризира и иновативен „Look & Feel“ концепт којшто нуди зони за интеракција со најновите уреди и технологии. Во рамките на продавницата, корисниците во забавната зона можат да го искусат најновиот Sony PlayStation, да ја почувствуваат функционалноста на Магента ТВ во зоната Home TV и да се запознаат со различни паметни уреди за домот. Исто така, во насока на стратегијата за одржливост на компанијата, концептот вклучува и „еко-шоп“ каде што се имплементирани паметни решенија коишто имаат мала потрошувачка, како и катче за одложување електронски отпад и зелена површина со растенија коишто го прочистуваат воздухот.
Новата поставеност ги охрабрува корисниците уште во продавницата да ги споделат своите впечатоци преку интерактивниот „Ѕид за фидбек“, овозможувајќи директен увид во нивните мислења и коментари во реално време.
Македонски Телеком продолжува да гради извонредни кориснички искуства со воведување иновативни решенија и услуги и носејќи позитивни промени во начинот на интеракција со своите корисници.