(Видео) Комунисти блиски до Путин организираа митинг; се слушаа извици „Долу царот“: 60 уапсени


14337502.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската полиција вчера во Москва уапси околу 60 лица на собир организиран од Комунистичката партија на Русија – партија блиска до Кремљ – соопшти самата партија.


Од Комунистичката партија изјавија дека приведувањата се случиле кон крајот на собирот и дека нејзиниот московски огранок работи на обезбедување ослободување на приведените, од кои повеќето биле млади луѓе.

Собирот се одржа по повод годишнината од задушувањето на парламентарниот бунт во Русија во 1993 година.

Каналот на „Телеграм“, „Осторожно, новости“, објави дека демонстрантите извикувале пароли како „Слобода за политичките затвореници“, „За фер избори“ и „Долу царот!“.

Собирот се одржа во услови на растечко незадоволство во Русија поради сè поинтензивните напади со украински беспилотни летала длабоко во руската територија. Овие напади погодија рафинерии за нафта и складишта, предизвикаа недостиг на гориво и го попречија секојдневниот живот, вклучително и во Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK