Петкоска: Во буџетот за 2025 година предвидени се 350 илјади евра повеќе средства за промоција и поддршка на туризмот

Лидија-Петкоска-18.11.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Сите знаеме дека опоравувањето на економијата е најважната работа која влијае на животниот стандард, но за жал, сведоци сме на фактот дека крвната слика на македонската економија во моментот кога оваа Влада стапи на должност, беше застрашувачка. Се соочивме со недостиг на пари за плати, пензии, субвенции итн., кои ги имаше само на збор, без планирани, а уште помалку обезбедени средства за исплата“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.


Таа продолжи и додаде:

„Токму од овие причини, со самото превземање на власта, започна процесот на стабилизирање на јавните финансии, со усвојувањето на ребалансот за 2024 година кој ја наметна потребата од буквално воена дисциплина при трошењето на народните пари“, рече Петкоска.

Петкоска истакна дека во буџетот за 2025 година предвидени се повеќе средства за промоција и поддршка на туризмот.

„Во оваа насока, а имајќи предвид дека во изминатите денови се кажаа најголем дел од бројките, главните цели на предлог буџетот и се е предвидено со него за следната 2025 година, јас ќе се фокусирам само на делот којшто се однесува на растот и развојот на македонскиот туризам. Сакам да ја информирам јавноста дека во буџетот за 2025 година се предвидени 123 милиони 619 илјади денари за агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, што значи дека туризмот добива 21 милион 262 илјади денари повеќе во однос на 2024 година или 350 илјади евра повеќе“, посочи таа.

Петкоска заклучи дека зголемувањето на средствата е охрабрувачки правец кој е во интерес на целокупниот македонски туризам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK