Андоновски на Дигитален Самит во Естонија

andonovski_stefan_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во наредните три дена ќе оствари работна посета на Талин, Естонија. Во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/).

Андоновски ќе се обрати на панелот насловен како „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, на кој ќе зборува за постигнувањата на новата Влада во поглед на новите електронски услуги, подобрувањето на процесите на управување и плановите и визиите со Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој.


На маргините на Самитот, планирано е Андоновски да оствари билатерална средба со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, како и со заменик министерката за дигитална трансформација на Украина, Валерија Ионан. Андоновски е поканет и да присуствува на свечениот состанок кој го организира Претседателот на Владата на Естонија, Кристен Микал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK