Порталот 4News објави видео-снимка од безбедносна камера на која, како што се наведува, е прикажан момент од детонацијата на експлозивната направа пред домот на Раде Трајковски-Штекли.
На објавената снимка, може да се види како лицето се движи во дворот од куќата со своето куче, во моментот кога излегува од портата се гледа чад, датумот на снимката е 14.11.2024 г., а времето што е прикажано е 9:16 часот наутро.
Пред неколку дена во утринските часови била фрлена бомба во двор во скопската населба Ќерамидница. Како што неофицијално се дознава, повреден е Раде Трајковски – Штекли.
Во 2021 година Штекли беше уапсен во Белград поради тогашното поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница. Кон Штекли лани во април во трговскиот центар Ист гејт мол, беа регистрирани два обид за негова ликвидација. Можно е ова да е нов обид за негово ликвидирање, но се работи на случајот и детали засега не се откриваат.