Премногу загаден воздух во Крагуевац: Граѓаните последниве три години дишат воздух од трета категорија

zagaden-vozduh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со постудените денови и зголеменото греење, мерните станици во повеќето градови во Србија бележат лош квалитет на воздухот. Таква е состојбата во Крагуевац, каде граѓаните во последните три години дишат воздух од трета категорија.


Годишниот извештај на Републичката агенција за заштита на животната средина за состојбата со квалитетот на воздухот не бара проценка, бидејќи во него стои дека граѓаните на Крагуевац со години дишат презагаден воздух.

Анализите покажуваат дека лани крагуевчани дишеле прекумерно загаден воздух 48 дена, иако горната граница на толеранција е 35 дена годишно.

Се апелира до граѓаните, да се сослушаат советите кога квалитетот на воздухот е лош, да се намали времето поминато на отворено, да се избегнува физичка активност, а хроничните пациенти да бидат дополнително внимателни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK