Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев. Новиот оддел на Клиниката располага со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи. Центарот за мајка и бебе овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето.

Тимот на доктори го предводи примариус д-р Љупчо Петровски – гинеколог акушер, субспецијалист перинатолог, а дел од тимот се и спец. д-р Ирена Андонова –гинеколог акушер, спец. д-р Ненад Лазаров-гинеколог акушер, спец. д-р Владимир Кижески-гинеколог акушер, спец. д-р Виолета Николов-гинеколог акушер, д-р Весна Деловска – специјалист педијатар неонатолог, специјалист д-р Лилјана Николиќ – педијатар неонатолог и други.



„Отворањето на Центарот за мајка и бебе е заокружување на нашата цел, создавање на комплетен здравствен центар и интегрирана клиника со сите услуги на едно место. Создадовме породилен центар со единствен концепт, што е и инвестиција во македонското здравство, така што со услугите ќе придонесе за подобрување и унапредување на породилната пракса во нашиот здравствен систем. Со ова ја комплетираме инвестицијата од 5 милиони евра, што ја започнавме со нова опрема, унапредување и проширување на постоечките оддели, отворање неколку комплетно нови оддели и ангажирање на врвни доктори специјалисти“, истакна д-р Жан Митрев.

Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои ќе бидат на располагање во центарот во секое време и грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.  Областите во кои ќе делува центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностичките испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.

„Применуваме сеопфатна едукација пред и по породувањето, вклучување на семејството во грижата и негата за родилката и новороденчето. Во овој Центар грижата за мајката и бебето е комплетна и на располагање 24 часа. Лекарот во кого е стекната доверба пред породувањето, односно оној кој ја водел бременоста, ќе биде сигурно достапен, односно присутен на самиот чин на раѓање“, потенцира доктор Лазаров, специјалист гинеколог акушер.

Опремата составена од гинеколошки столови и столови за раѓање,  ЕХО апарати, ЦТГ апарати, инкубатори со температурна контрола, ресусцитатори, двофункционални блендери со ЦПАП и навлажнет воздух со висок проток, е набавена од истакнати и врвни светски производители со што се докомплетира овој инвестициски циклус во вредност од над 5 милиони евра.

Центарот започнува со следење на трудниците уште во првиот триместар, менаџирање на патолошки состојби во бременоста, безбедно и безболно породување, и адекватно следење во постпарталниот период. Неонатолошкиот оддел е опремен со најсовремена опрема и искусен медицински персонал кој работи со интердисциплинарен пристап обезбедувајќи комплетна педијатриска грижа за новороденото.

Центарот за мајка и бебе, е подготвен да ги пречека и да ги прими првите пациентки и да ги згрижи мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.

А за поголема достапност, по повод отпочнувањето со работа на центарот креирани се специјални пакети без дополнителни или скриени трошоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK