Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

ljutkov-pozar-univerzalna-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој се обрати по повод првите 100 дена работа.


Љутков рече Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

„Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон, за втора фаза од реконструкцијата“, рече Љутков.

Министерот рече дека Министерството за култура и туризам условно исполнило само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.

Целата документација е предадена на Основното јавно обвинителство, а министерот се надева дека истражните органи ќе постапат согласно нивните надлежности.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK