„Не можам повеќе ни да плачам од толку многу тага“ – над 6.000 луѓе во Романија евакуирани поради поплавите

poplavi-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 6.000 луѓе од 28 населени места се евакуирани, повеќето од округот Галаци, поради неповолните временски услови, објави Генералниот инспекторат за вонредни состојби (ИГСУ), истакнувајќи дека се потребни интервенции на 116 места во 29 окрузи поради последиците од обилните дождови и ветер.



Еден по еден, жителите на населбите од областа Галаци, жандармеријата ги носеше во спортска сала, отккао невремето го уништи нивниот имот.

„Не можам повеќе ни да плачам од толку тага. Поплави господине! Нè уништија поплави. Трет пат. Два и пол метри вода. Сè е уништено”, рекла една старица.

„Седиме тука за да не не’ фати пак дождот, и повеќе не размислуваме дека водата ќе дојде и ќе не однесе. Седиме тука. Тоа е тоа! Што да правиме? Водата беше до покривот од куќата немам телефон да ви покажам слики, за да можете да видите“, рече еден жител.

Со солзи во очите, дури и далеку од опасност, луѓето цела ноќ не можеа да ги затворат очите. Како што велат, повторно го преживуваат ужасот што ги снашол.

„Сè во куќата е уништено, ѕидовите испукани, до висина на мојата глава. Го молам Бога да не дојде вечерва водата, за да се вратам дома“.

„Се надевавме дека водата нема повторно да дојде, но две недели подоцна, ете ја повторно. Ги напуштивме животните, оние кои преживеаја минатиот пат, оние кои успеавме да ги спасиме. Не сме завршиле со чистење на калта, ништо не сме завршиле“, рекоа мештаните.

Од паднатите дрвја оштетени се 14 возила и два објекти. Спасени се 11 лица кои беа блокирани на шумскиот пат во Ковасна. Поморскиот и речниот сообраќај е прекинат.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK