Објавено е драматично видео од последиците од ураганот Хелен: „Ова е пост-апокалиптично“

uragan-helen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новите снимки откриваат огромни штети во Северна Каролина по ударот на ураганот Хелен, кој ја опустоши американската сојузна држава предизвикувајќи катастрофални поплави. Членот на градскиот совет на Шарлот, Тарик Бохари, сподели фотографија од езерото Луре преполно со отпадоци, опишувајќи ја сцената како „пост-апокалиптична“.



Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија, огромни материјални штети и според последните податоци однесе најмалку 90 животи.

Жителите на југоисточните американски држави почнаа со санирање на штетите, откако милиони луѓе останаа без струја, а беа уништени домови, патишта и мостови.

Најмалку 90 луѓе ги загубија животите во невремето, пресмета „Ројтерс“ врз основа на податоците на локалните власти во Јужна и Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Вирџинија и Тенеси. „Си-ен-ен“, пак, јавува за вкупно 93 загинати лица.

Според последните податоци, најмногу луѓе, од кои 36, починале во Северна Каролина. Јужна Каролина пријавила 25 смртни случаи, Џорџија 17, а Флорида 11. Вирџинија пријавила два смртни случаи, како и Тенеси.

Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Осигурителните компании проценуваат дека штетата предизвикана од ураганот Хелен би можела да изнесува меѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK