Предлогот поднесен од крајно левичарската партија Неосвоена Франција (LFI) за импичмент на францускиот претседател Емануел Макрон влезе во собраниска процедура, објави La Parisien.
Предлогот претпладнево помина на првиот круг од собраниската проверка, а „за“ гласаа 12 членови од 22-члената комисија.
Сојузниците на ЛФИ, вклучително и пратеници од Социјалистичката партија, рекоа дека нема да гласаат за импичмент на францускиот претседател.