Песков: Русија го зголеми бројот на вооружените сили поради заканите за земјата

677z381_677z381_1-Dmitry-Peskov-65575f53f2233.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ за зголемување на бројот на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација поради потребата да се одговори на актуелните закани за земјата, изјави денеска прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.



„Тоа е предизвикано од бројните закани кои постојат за нашата земја на нашите граници. Тоа е предизвикано од крајно непријателската ситуација на западните граници и нестабилноста на источните граници“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за причините поради кои Путин го потпиша указот за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија.

Песков изјавил дека поради овие закани било неопходно да се преземат соодветни мерки, пренесува Интерфакс.

Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин го зголеми бројот на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација на речиси 2.390.000 луѓе, вклучително и еден и пол милион воен персонал, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK