Непречен старт на новата грејна сезона, една од темите на средбата меѓу претседателот на РКЕ и генералниот директор на ЕСМ

RKE-ESM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и ново назначениот генерален директор на ЕСМ Лазо Узунчев.



Во присуство на членовите на РКЕ и дел од раководството на ЕСМ се разговараше за активностите на кои компанијата ќе се посвети за да се обезбеди сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија.

Набавка на природен гас е клучен елемент во регулаторната одлука за цена на парно посочи претседателот Бислимоски, за што директорот Узунчев информираше дека конкурентноста ќе биде приоритет со цел да се обезбеди цена на овој енергенс, која ќе резултира со намалени трошоци за производство на топлинска енергија .

Во исто време се разговараше и за цевководот под мостот Беласица да се стави во функција за што се преземаат соодветни чекори и во иднина новиот топловод и просторот ќе се обезбедат соодветно за се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките.
Во однос на состојбата со електрична енергија директорот Узунчев најави дека ќе спроведе серија на активности со кои ќе се оптимизираат трошоците на работа, а во исто време ќе се фокусираат кон зголемување на производството на електрична енергија, извести РКЕ.

Претседателот Бислимоски предложи да се направи анализа за концептот откуп на домашно произведената струја од новите производителни на електрична енергија од фотоволтаични централи во транспарентна постапка, со цел да се добие поевтина цена на струја, и да се заштедат акумулациите.

Грејната сезона вообичаено започнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври доколку средната надворешна прогнозирани температура е еднаква или пониска од 12 степени целзиусови.

11.9.2024

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK