Времето утре ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, особено претпладне. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи.