Капитенот на Белгија, Кевин Де Брујне, лут и незадоволен излезе пред новинарите по поразот на Белгија од Франција (2:0) во Лигата на нации.
Де Брујне не криеше дека е лут на дел од соиграчите, смета дека не го давале максимумот.
„Можам да прифатам дека не сме толку добри како во 2018 година, но некои други работи не можам да ги поднесам… Мораме да играме подобро. Стандардот треба да биде врвен, ако не можеш да го постигнеш тоа тогаш не си доволно добар, а ако не си, тогаш треба барем да го дадеш максимумот на теренот. А некои не го ни прават тоа“, изјави Де Брујне
На прашањето што не било добро на тактички план Де Брујне ја продолжи својата приказна.
„Не ми поставувате вистински тактички прашања. Не знам што видовте од овој натпревар? Проблемот овде не беше во транзицијата, туку во луѓето кои не ги извршуваат своите задачи. Имаме премногу играчи во одбраната. Како ќе се поврземе ако во одбраната играме со шестмина. Дури и во второто полувреме, а тогаш губевме, нели? Нема да плачам и да баран оправдување. Тоа го правев кога имав 18 години во Генк, сега имам 33 години.“