Пешиќ повеќе не е селектор на Србија!?

Pesic_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот тренер Светислав Пешиќ повеќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија, неофицијално дознава „Спорт Клуб“.



Пред неполн месец Пешиќ ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, а имаше можност да ја продолжи мисијата што ја започна. Таа мисија требаше да продолжи со квалификациите за Европското првенство следната година, кои почнуваат во ноември.

Пред олимписката бронза, српските кошаркари со Пешиќ како селектор го освоија и среброто на Светското првенство во Манила минатиот септември.

Искусниот стручњак се врати на клупата на репрезентацијата во исклучително тежок момент за српската кошарка, откако под водство на Игор Кокошков, Србија не успеаја да се пласира на Олимписките игри во Токио во летото 2021 година.

Претходно Пешиќ ја водеше репрезентацијата на Југославија од 2000 до 2002 година и со неа стигна до европскиот и светскиот трон. Токму во понеделникот се навршија 22 години од последната освоена титула на кошаркарската репрезентација, Мундобаскетот во Индијанаполис.

Крајот на соработката со Пешиќ доаѓа во моментот кога доаѓа до промена на чело на Кошаркарскиот сојуз на Србија. Предраг Даниловиќ и официјално поднесе оставка, иако има уште три месеци до крајот на мандатот, но правното дејство му истекува на 1 октомври, за кога е закажан состанокот на највисокото тело на владејачкото тело на српската кошарка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK