18-годишен Египќанец загина во пожар во затвор во Милано

66.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот синдикат на затворски чувари Уилпа соопшти дека 18-годишен државјанин на Египет загинал во пожар што во текот на ноќта избувнал во затворот Сан Виторе во Милано.


Генералниот секретар на Уилпа, Џенарино Де Фацио, изјави дека жртвата и неговиот другар во ќелија го предизвикале пожарот, кој стана вообичаен облик на протест во италијанските затвори, пренесува Анса.

„Не веруваме дека се работи за самоубиство, но тоа е уште една смрт, откако 70 затвореници и седум затворски службеници си го одзедоа животот од почетокот на годината“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK