Во пресрет на зимата, ЕК обезбедува дополнителна помош за Украина од 40 милиони евра

195659_16102019briselzastave_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија денеска соопшти дека ќе обезбеди дополнителна хуманитарна помош за Украина во износ од 40 милиони евра за да може земјата да се подготви за претстојната зима.



„Со немилосрдните напади врз енергетската инфраструктура на Украина, Комисијата ги зголемува хуманитарните средства за ранливите Украинци со дополнителни 40 милиони евра пред почетокот на зимата“, се наведува во соопштението на Комисијата.

Како што се објаснува, 35 милиони евра се наменети за хуманитарни проекти во Украина, а пет милиони евра за поддршка на украинските бегалци и нивните заедници во Молдавија, пренесуваат светските агенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK