Де ла Фуенте ги повика Мингеза и Пепелу за ЛН, Олмо и Јамал ја предводат Шпанија

Luis-de-la-Fuente2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте денеска го објави списокот на играчи за претстојните натпревари во Лигата на нации.



Како што е познато, првиот натпревар на Шпанија по освојувањето на Европското првенство ќе го има во Белград на 5 септември против Србија.

Де Ла Фуенте има неколку изненадувања на списокот, а најголемо е Оскар Мингеза, кој експлодираше на стартот од сезоната во дресот на Селта, тој е поранешен играч на Барселона.

Тој е единствениот дебитант во одбраната. Во дефанзивата го нема Начо, а селекторот во националниот тим го врати Пау Торес од Астон Вила.

Пепелу, 26-годишниот играч од средниот ред кој настапува за Валенсија, е изненадување во средниот ред, а тука е и Алеиш Гарсија, новиот член на Баер Леверкузен. Гарсија беше на поширокиот список за ЕП, но не го мина последниот филтер.

Овие двајца влегоа на местата на Микел Мерино, кој не играше на почетокот на сезоната бидејќи го комплетираше трансферот во Арсенал, а Алекс Баена и Фермин Лопез добија поштеда бидејќи играа на Олимписките игри.

Во нападот, поради повреда и суспензија го нема капитенот Алваро Мората. На неговото место е повикан Јереми Пино од Виљареал, а во репрезентацијата се врати и Ајозе Перез.

Против Србија ќе брани Давид Раја, бидејќи првиот голман Унаи Симон е повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK