Синоќа во 21.18 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(29) од с.Крупиште излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.