Неизвесна ноќ ги очекува жителите на Сплит и неговата околина, откако избувна пожар во Жрновница, пренесуваат медиумите во регионот.
Имено, пожарот избувнал во понеделникот по удар на гром, а денеска во попладневните часови стигнал до куќите. Пожарникарите посочуваат дека ситуацијата е сериозна, а на терен ги има повеќе од 130. Мирис на чад се чувствува и во Сплит, пренесуваат тамошните медиуми.
„Во Сплит ужасно мириса на изгорено и паѓа пепел“, коментира жителка на Сплит. Од „Слободна Далмација“ наведуваат дека се повеќе туристи стравуваат од ширење на пожарот ги напуштаат изнајмените апартмани. Поради големото количество чад, некои носат маски на лицето.
За гаснење на пожарот на отворен простор во реонот на Жрновница, покрај жителите, беа испратени и пожарникари од интервентните противпожарни бригади од Задар, Сплит и Шибеник, како и пожарникари од окрузите а биле ангажирани и Задар и Градот Загреб, истакнале вечерва од Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ), пренесува „Вечерњи.хр“.
„Има активен пожар на отворен простор, за кој ЖВОЦ Сплит доби пријава во 22:44 часот во месноста Жрновница, Марковача. Пожарот настанал на неколку локации поради удар на гром и зафатил трева, ниска вегетација и шума“, соопшти утрово Хрватското противпожарно друштво. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани и противпожарни авиони.