Мицкоски: Секој заслужува повисока плата, ќе седнеме да разговараме со синдикалните организации и да изнајдеме решение

Screenshot-2024-08-26-130753.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Сакам најпрво да кажам дека сите заслужуваат повисоки плати. Тоа е многу важно да се знае. Секој кој што работи, кој што се труди, кој што чесно работи согласно закон и Устав заслужува повисока плата и тука не треба да има никаква дилема“, дециден е премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став со оглед дека Независниот синдикат најавува протест на просветните работници.


Мицкоски потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се обезбедиле средства за законското усогласување, нагласувајќи дека во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, е подготвен да седне со сите синдикални организации и да разговара.

„Како Влада во рамки на овие два месеци направивме ребаланс на Буџетот со кој што обезбедивме средства за законските усогласувања. И тука не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, подготвени сме да седнеме со сите синдикални организации и да разговараме. За два месеци успеавме да ги консолидираме институциите кои што беа во распад, да ги консолидираме министерствата кои што беа во распад, да го консолидираме буџетот кој што беше во распад“, рече тој и додаде:

„Ќе ве потсетам пред неколку денови, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП има за 40 проценти повисока наплата споредено од јули месец годинава со јули месец минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста за кадровската политика, за начинот на систематизирање на работните места, кои биле наградувани, кои не биле наградувани. Но, и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата. Царината за 20 проценти во јули месец, наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули во споредба со јули минатата година“.

Мицкоски изјави дека не смее да се дозволи политизација на синдикалните организации.

„Ги консолидираме институциите затоа што сме посветени и сакаме да донесеме надеж и таа надеж се чувствува насекаде. Прв сум меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи јас сум просветен работник, и јас предавам на Универзитетот, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смее да дозволиме во синдикалните организации политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети. Затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција“.

Посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања кои претходно беа усогласени со синдикалните организации, укажувајќи дека со Буџетот од следната година е подготвен да седне и да разговара за да се изнајде решение, за нешто за кое што има основа.

„А со буџетот од следната година подготвени сме да седнеме и да разговараме без политизација и да најдеме решение. Јас сум прв кој што ќе поддржи нешто за кое има основа“, порача Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK