Шефот на банката Морган Стенли исчезна при потонувањето на едрилица во Италија, потрагата продолжува

6-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џонатан Блумер, шефот на банката Морган Стенли и адвокатот Крис Морвило се меѓу шесте лица исчезнати откако луксузна јахта потона во бура крај Сицилија вчера, изјави за Би-Би-Си Цивилната заштита на Сицилија.


Британскиот технолошки тајкун Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18) се исто така исчезнати по несреќата кај пристаништето Портчело, источно од Палермо. На луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а Сицилијанската цивилна заштита потврди дека е пронајдено телото на готвачот.

Очевидци изјавија за италијанската новинска агенција Анса дека сидрото на едрилицата било спуштено кога удрило невремето, поради што јарболот се скршил, бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK