Судијата Пајазити кој го смести Рамадани во домашен притвор е избран во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат од СДСМ

Кацарска-бара-поддршка-од-сите-политички-чинители-за-воведување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судијата Пајазити кој го смести Рамадани во домашен притвор е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат од СДСМ.


„Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор. Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата Министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова.

„Во најкус рок бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае“, велат од СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на судијата со оглед на тоа што одобрил куќен притвор наместо затвор за Рамадани – одлука што била исклучително ризична. ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Пајазит Пајазити за пристрасност во неколку случаи од висок профил. Имено, тие укажуваат на случајот со Иџет Мемети и нападот на Контролната кула на аеродромот во Скопје. Според ВМРО-ДПМНЕ, пресудите на Пајазит Пајазити овозможиле тешките престапи да останат неказнето или да резултираат со условни казни. Тие тврдат дека ова го поткопува интегритетот на судскиот систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK