Во полициската станица во Демир Хисар било пријавено дека вчера на околу 20 метри над продавницата во селото Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.
Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото.
Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.