Шаќири се врати во Базел

1723813645-GettyImages-2156074567.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот швајцарски репрезентативец Џердан Шаќири се врати во Базел откако го раскина договорот со Чикаго Фајр.


Тој потпиша тригодишен договор со клубот каде што го имаше своето професионално деби во 2009 година.

Овој 32-годишен фудбалер играше неполни три години во МЛС шампионатот, настапи на 69 натпревари и постигна 14 голови.

Освен за Базел, Шаќири во Европа настапуваше и за Баерн Минхен, Интер, Стоук, Ливерпул и Лион, од каде замина во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK