Голема веројатност за вооружени провокации од Украина, вели министерот за одбрана на Белорусија

ukraina-rusija-vojna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана на Белорусија Виктор Хренин денеска изјави дека постои голема веројатност за вооружени провокации од Украина.


На состанокот за воено безбедносни прашања, на кој присуствуваа претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и највисоките воени и безбедносни функционери, Хренин рече дека украинската страна врши континуирано извидување со беспилотни летала, заедно со обиди за нарушување на белорускиот воздушен простор, пренесува Белта.

„Со оглед на присуството на украински вооружени формации во пограничните области, останува голема веројатност за подготовка и извршување вооружени провокации на нашата територија“, рече Хренин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK